За време на одрувањето на Безбедносниот форум на НАТО, на подрачјето на општина Охрид на сила ќе биде посебен режим на сообраќај.
СВР Охрид соопшти дека посебни мерки, односно забрани и ограничувања ќе бидат преземени само при пристигнувањето и заминувањето на учениците на безбедносниот форум.
Полицијата појаснува дека посебниот режим на сообраќај не значи дека Охрид ќе биде во некаков карантин туку дека за време на движење на делегациите ќе се ограничува или забрани на определени категории на учесници на сообраќајот, како што е товарен, автобуски или сличен сообраќај на определени делници.
Штом се обезбедат минимум услови за да може да се одвива сообраќајот полицијата со максимално залагање ќе го овозможи тоа, соопшти СВР Охрид.