На денешен ден во 1967 година во Охрид на Третиот црковно-народен собор, Светиот Синод на Македонската православна црква, донесол одлука за прогласување автокефалност на Македонската православна црква како наследничка на обновената Охридска архиепископија.
Одлуката ја соопштил новиот архиепископ Охридски и Македонски г. Доситеј (Димитрија Стојковски). По него за архиепископи на МПЦ се избрани г. Ангелариј (Цветко Крстевски), г. Гаврил (Ѓорѓи Милошевски), г. Михаил (Методи Гогов) и г.г. Стефан (Стојан Велјановски).
OhridNews