Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Ставрески, во својство на копретседател на Мешовитата македонско-украинска комисија за економска соработка и за спроведување на Договорот за слободна трговија, денеска и утре во Охрид ќе биде домаќин на украинската делегација предводена од заменик- министерот за економија на Украина, г. Валериј Пјатницкиј, копретседател на Комисијата од украинска страна.
Во придружба на украинската официјална делегација ќе престојува и бизнис делегација од околу 20-тина украински стопанственици.
На Македонско-украинскиот бизнис форум, ќе присуствуваат над 80 стопанственици. Во рамки на форумот утре ќе се одржи Пленарната седница на Мешовитата комисија за економска соработка и за спроведување на Договорот за слободна трговија со Украина. По завршување на Пленарната седница, ќе следи потпишување на Протокол и Одлука на Мешовитата комисија за натамошна либерализација на трговијата.
За само неколку дена ова е втор бизнис форум што се одржува во Охрид. Оваа недела нашиот град беше домаќин на бизнисмените од земјава и Турција.