Во текот на 2010 година се градеа вкупно 4 526 објекти и завршени се вкупно 4 281 станови со вкупна површина од 386 698 м2, од кои што 142 се станови во викенд куќи со вкупна површина од 10 898 м2. Просечната корисна површина на завршените станови е 90.3 м2.
По региони, најмногу се градеше во Полошкиот регион, потоа Скопскиот, Југозападниот итн.
Во Охрид во 2010 година се изградиле 170 објекти чија вредност се проценува на 355 милиони денари.