-Овие цреши ќе сведочат за искреното пријателство помеѓу Јапонија и градот Охрид, истакна градоначалникот Александар Петрески на свеченоста што денеска се одржа во центарот на градот.
Донацијата од име на фондацијата „Икио Каи“ за засадување јапонски цреши во светот, ја предаде потпретседателот Такишуми Укаи, кој на охриѓани им честиташе за одлуката на Европската комисија за отпочнување на преговори за членство во ЕУ на Република Македонија.
-Нашата фондација насекаде во светот подарува јапонски дрвца и на тој начин го продлабочува пријателството со другите земји. Посебно сме среќни што денес сме во Македонија и пожелувам овие цреши да придонесат во заштитата на оваа прекрасна природа и на планетата земја, истакна Укаи.
Свеченоста беше збогатена со традиционални јапонски песни и танци, а домаќините и гостите од Јапонија си разменија меѓусебно подароци во знак на пријателство и сеќавање.
Донацијата на фондацијата на филозофот Даисаку Икеда е вредна 20.000 евра и е најголема на Балканот . Оваа фондација до сега има подарено јапонски цреши на 17 градови во 8 држави. Денеска беа засадени само треи дрвца, додека останатите по адаптацијата ќе бидат засадени на пролет в долж градскиот кеј.