На иницијатива на Македонското здружение за заштита при работа, Машинскиот Факултет и Здружението за безбедност при работа „28 април” од 29-ти до 31-ви октомври 2015 година, во Охрид ќе се одржи Меѓународна конференција за регионална соработка на тема „БЗР Бонтон”.
Тематски подрачја кои ќе бидат опфатени на конференцијата се Развој на национални стратегии, системи и програми за безбедноста и здравјето при работа; Проектен менаџмент од областа на безбедноста и здравјето на работа; Ризици и безбедносен инженеринг; Човечки ресурси во безбедноста и здравјето при работа – образование, обука и континуирана едукација; Управување со стресот на работно место; Информатички системи во безбедноста и здравјето при работа и Примери од добра пракса во мали и средни претпријатија.
OhridNews