„Наводнување и заштеда на вода со цел адаптирање кон климатските промени“ ќе биде главната тема на работилницата која ќе се одржи утре во Охрид во рамки на проектот „Рационална употреба на вода за земјоделие во сливот на Охридското Езеро“.
Предавачи на работилниците, која ја организира Еколошкото друштво „Грашница“ ќе бидат проф. д-р Ордан Чукалиев и проф. д-р Вјекослав Танасковиќ од Факултетот за земјоделски науки и храна.
Во рамки на работилницата во Охрид, ќе се изврши и студиска посета на фарма во село Орман за практична презентација на инструменти и мерки за заштеда на вода.
Во рамки на проектот кој е финансиран од CEPF (CriticalEcosystemPartnershipFund) во текот на изминативе месеци беа организирани 8 јавни дискусии во 8 села од сливот на Сатеска и Коселска Река.
OhridNews