„Здружени напори во постигнување на НАТО партнерските цели и способностите на силите“ ќе биде насловена 19. Конференција на началниците на генералштабовите на армиите од земјите членки на САД-Јадранската повелба (А-5) кој од утре до 18-ти септември ќе се одржува во Охрид.
Според најавите, на конференцијата ќе присуствуваат адмирал Марк Фергусон, началник на ГШ на САД-ЕУКОМ и командант на Здружената команда на НАТО од Неапол, албанскиот началник на ГШ генерал мајор Јероним Базо, босанскиот началник генерал потполковник Анто Јелеч, хрватскиот заменик началник генерал потполковник Драгутин Репинац, македонскиот началник генерал потполковник Методија Величковски и црногорскиот началник адмирал Драган Самарџиќ, а гостин ќе биде словенечкиот началник на ГШ генерал мајор Андреј Остерман.
Конференцијата на началниците на ГШ на армиите од земјите членки на А-5 претставува највисок форум на НГШ на армиите од земјите членки на А-5 и САД. На овој голем собирсе очекува да се расправа за иницијативите и заложбите за зајакнување на партнерството и соработката во областа на одбраната во регионот.
OhridNews