Заедничкиот консултативен комитет за региони на ЕУ и Република Македонија денеска во Охрид ќе одржи средба посветена на регионалната соработка и на употребата и имплементацијата на европските фондови и програми на локално и регионално ниво. Состанокот се одржува во организација на Министерството за локална самоуправа и Комитетот на региони на ЕУ.

 Главни теми на состанокот се релацијата ЕУ – Република Македонија – влијанието на локалните власти и користење и имплементација на ЕУ фондови и проекти на локално и на регионално ниво.

Освен предавачите, Боткер Андерсен, член на Комитетот на региони и Димитар Бузлевски, градоначалник на општина Ресен, свои обраќања ќе имаат министерот за локална самоуправа Муса Џафери и евроамбасадорот  во Македонија, Ерван Фуере. Најавено е учество и на претставници од министерствата за локална самоуправа на Република Грција, Кралството Данска и Германската асоцијација за техничка соработка.

Комитетот на региони на ЕУ е тело во кое што членуваат претставници на локалните власти на земјите, членки на Унијата, а Заедничкиот консултативен комитет е телото преку локалните власти од Република Македонија како земја кандидат ја остваруваат соработка со Комитетот на региони на ЕУ.

Ohridnews