На работилницата која е дел од проектот за деловно опкружување на американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД) и Комисијата за хартии од вредност, експертите од областа на банкарскиот и финансискиот сектор, ќе дискутираат за регионалните и глобалните трендови на пазарот на капитал, за примената на концептот на општествена одговорност на компаниите и за важноста на нивната транспарентност.
Во рамки на работилницата се очекува комисиите за хартии од вредност на Република Македонија и на Република Србија да потпишат меморандум за соработка.