Охридските љубителите на филмската уметност во петок на 2-ри октомври 2015 година во Центарoт за култура „Григор Прличев“ во Охрид, ќе имаат можност да погледнат три кино проекции во 3Д технологија. Филмовите ќе се прикажуваат во рамки на проектот „Мобилно 3Д кино“ кој го реализира дистрибутерската куќа МЦФ МКД од Скопје.
Со почеток во 17 часот ќе се прикажува 3Д филмот „Смотанко и Трапавко: Невозможна мисијa“ кој е синхронизиран на македонски. Во 19 часот ќе се прикажува 3Д проекцијата на филмот „Лавиринт: Бегство низ Пустошот“, a во 21:15 часот ќе биде прикажана 3Д проекцијата на филмот „Марсовец Спасувачка Мисија“.
Влезниците за кино прекциите чинат 200 денари.
OhridNews