Охридските љубителите на филмската уметност денеска во Центарoт за култура „Григор Прличев“ во Охрид, ќе имаат можност да погледнат три кино проекции во 3Д технологија. Филмовите ќе се прикажуваат во рамки на проектот „Мобилно 3Д кино“ кој го реализира дистрибутерската куќа МЦФ МКД од Скопје.
Со почеток во 17 часот ќе се прикажува 3Д филмот „Змејовото Гнездо“ кој е синхронизиран на македонски. Во 19 часот ќе се прикажува 3Д проекцијата на филмот „Хитмен: Агент 47“, a во 21:15 часот ќе биде прикажана 3Д проекцијата на филмот „Фантастичната Четворка“.
Влезниците за кино прекциите чинат 200 денари.
OhridNews