Денеска на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, во организација на „Балканскиот форум за безбедност“ ќе се одржи Панел дебата на тема: „Европската бегалска криза – причини за нејзината појава и можни последици по безбедноста на Република Македонија“.
Според најавите, во рамки на дебатата ќе се дискутира за: Геостратегиските и геополитичките аспекти на причините за појава на бегалската криза; Меѓународно-правните стандарди за заштита на бегалците како патоказ за изнаоѓање на ефикасни средства и методи за разрешавање на бегалската криза; Бегалската криза и односите меѓу соседите во Југоисточна Европа – нови меѓусоседски заострувања или можности за создавање и изградба на стратегиски партнерства; Македонија на главната рута на бегалскиот бран – предизвик за потврда на македонското општество како и за Можните последици по европската безбедност и безбедноста на Република Македонија во контекст на бегалската криза.
Се очекува на дебатата да бидат презентирани размислувања и ставови на експерти и авторитети кои се посветени на глобалните, регионалните и македонските предизвици за политичко-економските и безбедносните ризици и движења.
OhridNews