Во рамки на програмата на „Научно уметничката визита 2015“ која во организација на МАНУ се одржува во Куќата на Уранија, утревечер на 22-ри август со почеток во 20 часот ќе се одржи Научна трибина на тема „Македонија-Како понатаму“ на која ќе говорат академиците Владо Камбовски, Георги Старделов и Блаже Ристовски.
На 24-ти август во рамки на програмата на визитата, ќе биде отворена изложбата „Tempi non passati“ на академик Глигор Чемерски. Изложбата ќе ја отвори академик Влада Урошевиќ, а истата ќе биде достапна за рагледување до 30-ти август.
Последниот културен настан, кој ќе биде организиран во рамки на овогодинешната програма на „Научно уметничката визита 2015“ е промоцијата на четирите тома од делото „Summa aestheticae“ на академик Георги Старделов. Промоцијата ќе се одржи на 28-ми август, а промотори ќе бидат д-р Ферид Мухиќ и проф. д-р Иван Џепароски.
OhridNews