Владата на РМ на последната седница ја донесе Годишната програма за изработка на урбанистички планови која ќе се реализира преку Агенцијата за планирање на просторот, соопшти Министерството за транспорт и врски.
Програмата меѓу другото предвидува и изработка на урабнистичка планска документација за хотелски комплекс во Охрид. Детали на која локација че се гради хотелот не се соопштуваат. Локалната самоуправа неодамна информираше дека државата е заинтересирана за урбанизација на просторот кај Горица и дека постои заинтересиран странски инвеститор за изградба на суперлуксузен хотел на тој простор.
Кој и каде точно ќе гради не се соопштува. Една од локациите кои ги фаворизира локалната е просторот веднаш до хотелот Инекс. Локалната смета дека е сеедно кој ќе го издава охридското крајбрежје, бидејќи според неа највашно е да се градат хотелско-туристички објекти. Токму последната владина одлука се коментира како чекор напред кон остварувањето на таквата идеа.