Тие се дел од Програмата на Владата за инфраструктура која предвидува изградба на 2.500 социјални станови и станови за млади брачни двојки.
Станови ќе се градат во повеќе градови во земјава меѓу кои и во Охрид. Површината на становите е од 35 до 45 метри квадратни. Цената на становите за млади брачни двојки ќе биде до 550 евра за метар квадратен, а за социјалните станови ќе чини околу 470 евра за метар квадратен.
Условите за плаќање ќе бидат поволни, но нив подоцна ќе ги утврдат министерствата за транспорт и врски и за труд и социјална политика. Предност за становите ќе имаат децата без родители и семејства со десетина членови кои живеат заедно.
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски информираше дека становите ќе се делат на транспарентен начин со претходно утврдени критериуми, преку софтверско решение, онака како што се делеа и ЦЕМТ дозволите.