Во организација на Факултетот за земјоделски науки и храна и Институтот за сточарство при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје од денеска до 9-ти октомври 2015 година во Охрид ќе се одржи вториот Меѓународен Симпозиум за земјоделство и храна ISAF 2015.

Овој научен собир на научниците и експертите од Македонија и од странство им нуди можност за споделување на идеи, искуствата и научни предизвици од областите на земјоделството и храната.

Една од целите на симпозиумот е да се  подобри  и засили соработката помеѓу Универзитетите, Институтит и компаниите од агробизнис секторот.

OhridNews