Во Охрид денеска ќе бидат потпишани четири билатерални меморандуми за соработка помеѓу Јавното обвинителство на Република Македонија и јавните обвинителства на Албанија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
На потпишувањето покрај јавниот обвинител на Македонија, Љупчо Шврговски ќе присуствува и министерот за пправда Михајло Маневски.
Целта на потпишувањето на меморандумите е зголемување на соработката помеѓу јавните обвинителства во регионот во борбата против организираниот криминал.