Во организација на општина Охрид и Амбасадата на Унгарија во Република Македонија, во понеделник на 9-ти мај 2016 година во Центарот за култура „Григор Прличев“ во 14 часот, свечено ќе биде отворена изложба на ликовни уметници Роми од Унгарија.
На изложбата ќе бидат поставени 28 слики од 19 ликовни уметници, а на отворањето се очекува да зборуваат унгарскиот амбасадор во Република Македонија Јозеф Бенце, градоначалникот Никола Бакрачески, министерот Неждет Мустафа и директорот на Центарот за култура Горан Стојаноски.
OhridNews