Вечерва со почеток во 20:30 минути ќе биде отворен почесниот Конзулат на Република Словенија во Охрид.
Според најавите, на свеченото отварање ќе присуствуваат високи претставници на Амбасадата на Република Словенија во Република Македонија, претставници на Охридската локална самоуправа како и претставници на бизнис секторот и политичкиот живот во Охрид.
Почесниот Конзулат на Словенија е третото конзуларно претставништво кое се отвара во Охрид, каде што во моментов функционираат почесните Конзулати на Турција и на Полска.
OhridNews