Во Охрид ќе биде отворен меѓународен центар на УНЕСКО за води, беше најавено на средбата помеѓу министерот за култура и претседател на Националната комисија за УНЕСКО на Република Македонија Арификмет Џемаили и Енгелберт Роуз, директор на Регионалното биро за наука и култура на УНЕСКО во Венеција, што се одржа на маргините на Светската конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог што изминатите денови се одржа на брегот на Охридското Езеро.
На средбата бил најавен и новиот проект кој УНЕСКО финансиски и логистички ќе го поддржи, организирање на Регионална работилница во Охрид, насловена како „Уметност на вода“ во која заедно ќе создаваат жени уметнички и научници.
Исто така била договорена нова посета на Роуз на Македонија со цел да се направат директни контакти со сите ресорни министерства и Националната комисија за УНЕСКО за дефинирање на приоритетите кои заеднички ќе се реализират.
Г.М.