Во петок на 16-ти октомври 2015 година во малата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде изведена монодрамата „Јане Сандански 100 години после“ од Петар Темелковски. Монодрамата ќе започне во 20 часот, а влезот ќе биде слободен.

Покрај улогите во многу македонски театарски претстави и филмови, Темелковски до сега има изведено и повеќе монодрами со адаптирани текстови од Никола Јонков Вапцаров, Кочо Рацин, Видое Подгорец, Славко Јаневски, Јордан Плевнеш, како и монодрами кои биле посветени на личности како Филип Втори, Свети Апостол Павле и Јустинијан Први.

Инаку оваа година на 22-ри април се навршија 100 години од убиството на револуционерот Јане Сандански. Тој бил убиен на подмолен начин со што македонското револуционерно дело доживеало една од најголемите трагедии во својата историја.

Монодрамата  „Јане Сандански 100 години после“ беше премиерно изведена на 19-ти мај 2015 година на сцената на Драмски театар во Скопје.

 

OhridNews