Во големата акција за пошумување што на 12 март(среда) ќе се спроведе на 30-на локации во земјава, во Охрид ќе бидат засадени 10.000 дрвца. Садниците кои ги обезбеди Националното координативно тело за спроведување на акцијата преку ЈП “Македонски шуми“, ќе бидат засадени на локалитетот Мауцкер. Детаљи за акцијата што ќе се спроведе под мотото “Ден на дрвото Засади ја својата иднина“ беа разгледувани на состанокот на локалното координативно тело што се одржа денеска.
Како што веќе информиравме за сите граѓани кои што сакаат да се приклучат на акцијата организиран е бесплатен превоз до локалциите каде што ќе се засадуваат дрвцата. Нив на располагање ќе им бидат ставени повеќе автобуси и комби возила кои ќе тргнуваат во 10, 10:30 и во 11 часот од три пункта „Макси Де“, Нова автобуска станица и од пред „Тим маркет“. Се очекува во акцијата да учествуваат над 2000 граѓани на Охрид.
Предвидено е во ова граѓанска акција да бидат засадени над 2 милиони дрвца, односно колку што има и жители во земјата. Акцијата ја подржа и Владата на Р. Македонија која 12 март го прогласи за неработен ден, кој ќе се одработи во сабота.
ohridnews