По успешната презентација во Скопје и Прилеп, Охрид е третиот град каде ќе биде отворена изложбата „Став“ на дипломските проекти на генерацијата запишана 2006 година од Архитектонскиот факултет во Скопје.
На изложбата ќе бидат промовирани проекти кои имаат свеж и зрел став кон архитектурата и кои покажуваат една нова визија.
Покровител на изложбата е Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) e една од најголемите професионална архитектонски организации во земјава.
Свеченото отворање е закажано за 27-ми во 21 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид.
OhridNews