Осум избирачки места за претседателските и локалните избори закажани в недела ќе бидат дислоцирани.

Гласачите кои досега гласаа во избирачкото место 1250 во просториите на Сојузот на борци, в недела своето право на глас можат да го остварат во просториите на охридската капетанија.

Гласачкото место 1254 наместо во Еектро-Охрид ќе биде сместено во просториите на јавното претпријатие „Охридски комуналец“ во градскиот пазар.

Граѓаните кои гравитираат кон избирачкото место 1261, наместо во „Бетон“, ќе гласаат во  просториите на СИЗ за станување.

Избирачкото место 1264  сега е  лоцирано во месната заедница „Кошишта“, а не каде што беше, во старата дирекција на „Охридска трговија“.

В недела, избирачите од гласачкото место 1289 нема да гласаат во печатницата „Коста Абраш“, туку во приватна куќа веднаш до печатницата.

Избирачкото место 1308 од месната заедница „Воска“ се сели во амбулантата „Воска“, а  1272 наместо во Џам комерц ќе биде сместено во општата болница-Охрид.

Променета е и локацијата на избирачкото место 1285. Гласачите наместо во „Гранит“ ќе можат да го остварат правото на глас во Електро-машинскиот училиштен центар „Свети Наум Охридски“.

Ohridnews