Во период од 16 до 22 мај 2020 г. земени се материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 од вкупно 28 лица и тоа по место на живеење: во општина Охрид и Дебрца 22 лица, во општина Струга и Вевчани 6 лица, додека во општина Дебар и Центар Жупа не е тестирано ниту едно лице бидејќи никој не покажал симптоми на COVID-19, информира во неделниот билтен Центарот за јавно здравје Охрид,кој ги покрива наведените општини.
Од вкупно земените материјали, 18 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај) (Охрид и Дебрца 16, Струга и Вевчани 2), а 10 материјали зе земени при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар-МОЈ ТЕРМИН (Охрид и Дебрца 6, Струга и Вевчани 4). Од тестираните лица во овој период во општина Охрид лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај 4 лица, a од општина Струга 2 лица се лабораториски дијагностицирани на присуство на COVID-19. – стои во информацијата на Центарот за јавно здравје.
Под здравствен надзор од 14 дена во општина Охрид се 84 лица, во Струга се 13 лица Активни случаи во Охрид се 6, а во Струга 5.
Во Охрид има 2 пациенти на домашно лекување и 2 хоспитализиран, а во Струга 3 пациенти се на домашно лекување и 1 хоспитализиран. Оздравени пациенти има 2 од општина Струга. Во овој период починато е 1 лице од општина Струга. – соопшти Центарот за јавно здравје.
Од почетокот на епидемијата до денес, 23 мај 2020, лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 на вкупно 142 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа од кои на 21 лице во општина Охрид и Дебрца, 71 лице во општина Струга и 50 лица во општина Дебар и Центар Жупа. Оздравени пациенти од Охрид се 15, од Струга се 51, а од Дебар и Центар Жупа се 47 пациенти. Нема починати пациенти од општина Охрид и Дебарца, воопштина Струга се починати 15, а во Дебар и Центар Жупа се починати 4 лица
Епидемијата од коронавирусот се уште трае. Коронавирусот иако со намален интензитет, сеуште циркулира меѓу нас. Затоа апелираме на претпазливост, одговорност и разум во однесувањето. Неопходно е да бидеме трпеливи и да ги почитуваме мерките и препораките од надлежните установи за правилна употреба на заштитна маска, социјално и физичко дистанцирање, често миење на рацете, избегнување на било какви собири и групирање. – апелира Центарот за јавно здравје Охрид.
Г.М.