Во периодот од 4 до 10 јули Центарот за јавно здравје Охрид извршил 354 тестирања на Ковид 19. По место на живеење најмногу тестови се направени во Охрид и охридско – 188, во општина Струга и Вевчани на 104 лица, а во општина Дебар и Центар Жупа тестирани биле 62 лицa.

Од тестираните лица во овој период лабораториски е дијагностицирано присуство на Ковид 19 кај 29 лица од општина Охрид, кај 55 лица од општина Струга и кај 35 лица од општина Дебар. Во Охрид 48 пациенти се на домашно лекување, во Струга 46, а во Дебар 20 пациенти. Активни случаи во Охрид се 133, во Струга 147, а во Дебар 76. Во овој период оздравени се 57 лица од Охрид, 54 лица од Струга и 8 лица од Дебар. Починати се 1 лице од општина Охрид, 8 лица од општина Струга и 1 лице од општина Дебар. – информира Центарот за јавно здравје во неделниот билтен.

Актуелната состојба со Ковид 19 во регионот

Од почетокот на епидемијата до 10 јули, лабораториски е дијагностицирано присуство на Ковид 19 на вкупно 656 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои на 219 лица во општина Охрид и Дебрца, 300 лице во општина Струга и Вевчани и 137 лица во општина Дебар и Центар Жупа. Охриддско има 6 починати пациенти, во општина Струга се починати 34, а во  Дебар и Центар Жупа 5 лица, соопшти Центарот за јавно здравје.

Г.М.