Вo период од 18 до 24 јули Центарот за јавно здравје Охрид извршил 322 тестирања, во општина Охрид и Дебрца 174 лица, во општина Струга и Вевчани на 71 лица, а во општина Дебар и Центар Жупа на 77 лицa.

Од тестираните лица во овој период лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај 27 лица од општина Охрид, кај 54 лица од општина Струга и кај 8 лица од општина Дебар. Активни случаи во Охрид се 111, во Струга 176, а во Дебар 117. Во овој период оздравени се 36 лица од Охрид, 25 лица од Струга и 1 лице од Дебар. Починати се 2 лица од општина Струга. – информира Центарот за јавно здравје Охрид.

Актуелната состојба со Ковид 19 во регионот

Од почетокот на епидемијата до 24 јули лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 на вкупно 745 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои на 258 лица во општина Охрид и Дебрца, 404 лице во општина Струга и Вевчани и 182 лица во општина Дебар и Центар Жупа. Оздравени пациенти од Охрид се 149, од Струга 182, а од Дебар и Центар Жупа 62 пациенти. Од општина Охрид и Дебарца има 7 починати пациенти, од општина Струга се починати 41, а од Дебар и Центар Жупа се починати 5 лица.

OhridNews