Во општините Охрид и Струга има помалку социјални случаи од другите градови во земјава, вели министерот за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами. „Во овие два града има помал број корисници на социјална помош, бидејќи се живее нешто подобро од другите градови“, рече Бајрами. Според официјалните податоци во Охрид околу 1500 семејства се социјално загрозени.

Инаку, министерот Бајрами вчера беше во посета на општина Струга, а оствари средба и со повеќе социјално загрозени семејства во Радолишта, Калишта и Радожда. Притоа Бајрами истакна дека државата преку своите надлежни иснституции во рамки на законот и можностите ќе ги помага социјално загрозените семејства, а го најави и донесувањето на новиот Закон за социјална заштита кој е во фаза на изготвување.

Г.М.