Во Охрид на периоди и денеска на сила ќе биде посебен режим на сообраќај, поради заминувањето на дел од делегациите учесници на Безбедносниот форум на НАТО.
Поголемиот дел од официјалните делегации вчера го напуштија Охрид, додека останатите се очекува да заминат во текот на денешниот ден поради што специјален режим на сообраќај ќе има и денеска , но со помали ограничувања.
Според одговорните од обезбедувањето, се очекува до денеска попладне речиси сите делегации да го напуштат Охрид, а сообраќајот ќе биде запиран само за време на нивното движење кон аеродромот.
Г. М.