Во ковид – центарот во Охрид се хоспитализирани 92 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19, информира Министерството за здравство. Повеќе од половина се на кислородна поддршка.
На инфективните оддели во земјава, во моментов се лекуваат 1289 пациенти со Ковид-19. Вкупно 543 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем дел од овие пациенти се на кислородна поддршка.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 78 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 56 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 30 пациенти, во Велес се лекуваат 65 болен, а во Куманово 108 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид – центарот во Прилеп 117, во ковид – центарот во Гостивар 30, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 45 пациент, во Кочани осум, во Кичево 10, Кавадарци 70, а во Гевгелија 17 лица, позитивни и суспектни на коронавирусот.
OhridNews