Вкупно 667 пациенти позитивни или сомнителни на коронавирусот се лекуваат во болниците низ државата и има околу 384 празни болнички кревети. На инфективните оддели во Скопје се хоспитализрани 256, а во ковид-центрите во другите градови во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат 411 пациенти, од кои 55 во Охрид, а 19 во Струга соопшти Министерството за здравство.

Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. Министерството за здарвство соопшти дека бројот на приеми во изминативе денови е стабилен, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

OhridNews