До 10 часот во Општина Охрид своето право на глас го оствариле 10% од вкупно запишаните 53 905 избирачи, информираше Општинската изборна комисија.

Сите 73 избирачки места во Охрид, навреме се отворени во 7 часот, и засега не се регистрирани никакви неправилности.

Денеска во 6 часот сите избирачки одбори беа во полн состав. По констатирање на избирачкиот материјал точно во 7 часот беа отворени сите 73 избирачки места и почна гласањето. Досега немаме никаков проблем, никаков инцидент не е пријавен и нормално се гласа, ни изјави Марика Ангелеска од ОИК-Охрид.

Таа информираше дека во вториот круг правото на глас во домашни услови го искористиле вкупно 323 болни и немоќни лоица, или двојно повеќе од првиот круг кога тоа право го искористиле 161 таков гласач.

Ohridnews