Охрид и Република Македонија го добија првиот регистриран клуб за Хокеј на трева-“Стик 2007”. Официјално клубот со работа почна минатата недела, а во текот на овој викенд во посета престојуваа клубови од Софија-Република Бугарија, во повеќе категории, предводени од Извршниот директор на Бугарската федерација за хокеј на трева, г-дин Антонио Антонов.


Охрид доби клуб за хокеј на трева

Покрај заедничките тренинзи, се одигра и ревијален меч помеѓу Клубот за хокеј на трева при Софискиот државен универзитет и студенти и тренери од Факултетот за физичка култура-Скопје. Веројатно ова е и првиот одигран меѓународен меч во хокеј на трева во Република Македонија.

– Со задоволство можам да истакнам дека СТИК 2007 од Охрид е првиот регистриран клуб за хокеј на трева во Република Македонија. Иако овој спорт е недоволно познат кај нас, сепак и самите бевме изненадени од интересот на децата овие први два тренинзи кои се оддржуваат во салата на О.У. Христо Узунов. Се надеваме дека со добра работа со најмладите категории деца, во иднина ке создадеме база за постигнување на позабележителни резултати. Планираме од напролет да почнеме со посета на интернационални кампови, каде што покрај приофесионалните тренинзи на екипата, стручно ќе се доусовршуваат и тренерите, кои се дипломци на Факултетот за физичка култура и поседуваат лиценци за тренери.-истакнува Јован Лотески, претседател на Клубот.

Тренинзите се бесплатни и во овој момент се однесуваат на најмладите катогории на деца почнувајќи од 7 годишна воздраст.

Со среќа !

ohridnews