Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.271 тест, а регистрирани се 89 нови случаи со КОВИД-19 и 58 оздравени пациенти.
Од 89 новозаболени од Скопје се 42, Битола – 15, Кочани, Неготино и Ресен – по четири, Кавадарци и Гостивар – по три, Куманово, Велес, Кичево и Свети Николе – по два, Прилеп, Охрид, Струмица, Струга, Крива Паланка и Демир Хисар – по еден.
Од вкупниот број позитивни (89), регистрирани се 17 реинфекции.
Од 58 оздравени пациенти од Скопје се 29, Битола – 11, Гостивар, Велес и Прилеп – по 3, Куманово, Демир Хисар и Тетово – по 2, Кочани, Кавадарци и Охрид – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“ дополнително не се регистрирани починати лица, соопшти Министерството за здравство.
OhridNews