Охрид е една од 20-те македонски општини што е вклучена во Проектот за рециклирање на пластика поддржан од Американската агенција за меѓународен развој-УСАИД.

Имајќи предвид дека во екот на туристичката сезона градот го посетуваат голем број домашни и странски туристи со што  е зголемена употребатата на ПЕТ амаблажата, активностите на проектот ќе се фокусираат токму на ривиерава.

Целта е создавање механизми за примарна селекција и рециклирање на пластичен отпад, основање мрежи помеѓу компаниите заинтересирани да се вклучат во спроведувањето на процесот на рециклирање, поддршка на институциите на локално ниво за обезбедување на потребната инфраструктура а посебен акцент ќе биде ставен на активностите за подигнување на јавната свест.

Во тие рамки, денеска од 20 до 21 часот на плоштадот „Чинар“ ќе биде презентиран проектот, а се очекува да говори координаторката, Мери Цуцуловска.Претставници на Проектот за рециклирање на пластика и Општина Охрид на 19 јуни годинава потпишаа Меморандум за разбирање со што официјално стартуваше новата проектна фаза.  

Во рамките на Неделата на рециклирање се предвидени акции за чистење на најзагадените локации и забави во кафетериите, дискотеките и плажите на кои ќе се промовира концептот на рециклирање преку дистрибуција на флаери.

А.К.