Македонија, Албанија, Косово, Србија и Црна Гора ќе подготват заедничка Регионалната студија за безбедност и здравје при работа. Студијата ќе даде преглед на ситуацијата во регионот во однос работните услови, безбедноста и здравјето при работа и ќе направи проценка за потребите на граѓанските организации вклучени во креирањето и процесот на донесување одлуки на регионално ниво. Во креирањето на овој стратешки документ ќе се земат предвид клучните стратешки цели на Стратегијата за безбедност и здравје при работа на ЕУ 2014-2020.

За таа цел денеска во Охрид ќе започне тридневна работилница на која ќе учествуваат претставници на сите засегнати страни во регионот (регионални граѓански организации, впретставници на министерствата за труд и социјална политика, на државни институции и медиуми).

Заклучоците и препораките ќе бидат доставени до граѓанските организации, националните влади, меѓународните и регионалните организации, Европската унија, Европската агенција за безбедност и здравје при работа, Институт за безбедност и здравје при работа, Меѓународната организација на трудот, делегации на ЕУ, Европскиот парламент и други релевантни ЕУ институции.

OhridNews