Во периодот 17-21 септември во хотелот Гранит во Охрид ќе се одржи работилница на тема „Транснационални безбедносни закани: регионален и национален придонес во регионалната безбедност“.
Организатори на настанот се Одделението за јавна дипломатија на НАТО, Европскиот центар за безбедносни студии Маршал Центар – Гармишпартенкирхен, НАТО Колеџот во Рим и невладината Маршал Центар од Република Македонија. Работилницата се очекува да ја отворат високи претставници од Република Македонија.
Помеѓу предавачите се и ценети професори од САД, РМ и други НАТО и земји аспиранти за членство во НАТО како и високи претставници од МНР, МВР и МО.
OhridNews