Општнската изборна комисија е подготвена за спроведување на Референдумот закажан за 30-ти октомври, недела. Избирачкиот материјал  е пристигнат и распределен, формирани се избирачките одбори.

Како што информира претседателот на Општинската изборна комисија – Охрид, Динитрија Вревезоски, во општина Охрид на Избирачкиот список запишани се вкупно 52 171 граѓанин со право на глас. Референдумот ќе се спроведе на 88 гласачки места.

Изјаснувањето на граѓаните во недела почнува во 7 часот и ќе трае до 19 часот.

OhridNews