2019 е година на исклучителен јубилеј. На 2 мај се навршуваат 500 години од смртта на Леонардо да Винчи. По тој повод Лајонс клубот Лихнидос приготвува изложба на репродукции и видео материјал од неговите најзначајни дела.
Со оваа изложба сакаме градот Охрид достојно да го спомне најголемиот полимат и гениј на човештвото. Достигнувањата на маестро Леонардо имаат универзален карактер и заслужуваат целосен респект од сите интелектуалци, од сите музеи, уметнички галерии и културни институции, но и од сите градови во светот во кои живееле и твореле такви генијалци, меѓу кои спаѓа и нашиот патрон Св. Климент Охридски. – изјави Проф. Д-р Зоран Тунтев, иницијатор на идејата.
Изложбата ќе биде свечено отворена на 11 мај, во тремот на црквата Св. Богородица Перивлепта.
Партнери на клубот Лихнидос се Фестивалот „Охридско Лето“ и амбасадата на Република Италија во Скопје.
OhridNews