Вo период од 09 до 15 мај, Центарот за јавно здравје – Охрид, за тестирање зел вкупно 35 материјали за брис од грло и нос и тоа по место на живеење: во општина Охрид и Дебрца 15 лица, во општина Струга и Вевчани 10 лица и 10 лица во општина Дебар и Центар Жупа.

Од вкупно земените материјали, 19 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај) (Охрид и Дебрца 11, Струга и Вевчани 8, Дебар и Центар Жупа 0), а 16 материјали зе земени при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар – Мој термин (Охрид и Дебрца 4, Струга и Вевчани 2, а Дебар и Центар Жупа 10). Од тестираните лица во овој период во општина Охрид лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај 2 лица, од општина Струга 2 лица се лабораториски дијагностицирани на присуство на COVID-19, а во општина Дебар и Центар нема нови позитивни на COVID-19. –  соопшти Центарот за јавно здравје.

Од почетокот на пандемијата во регионот регистрирани се 136 Covid 19 позитивни случаи, а 111 оздравеле

Под здравствен надзор од 14 дена во општина Охрид се 87 лица, во Струга се 14 лица. Активни случаи во Охрид се 2, а во Струга 4. Во Охрид има 1 пациент на домашно лекување и 1 хоспитализиран, а во Струга 2 пациенти се на домашно лекување Во наведениот период оздравени пациенти има 12, сите од општина Струга. Во овој период нема починати лица од општините кои ги покрива Центар за јавно здравје Охрид.

Од почетокот на епидемијата до денес, лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа на вкупно 136 лица од кои 17 во општина Охрид и Дебрца, 69 лица во општина Струга и 50 лица во општина Дебар и Центар Жупа. -оздравени пациенти од Охрид се 15, од Струга се 49, а од Дебар и Центар Жупа се 47 пациенти.

OhridNews