Вакцинацијата во регионалниот пункт во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид се одвива непречено. До сега вакцинирани и ревакцинирани се 25.000 граѓани, информира д-р Горан Балевски, директор на Општа болница Охрид.

Тоа што посебно радува е податокот дека во моментов во модуларната болница во Охрид се хоспитализирани само 7 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19.

Во Ковид центарот во општата болница има 44 слободни кревети, додека бројот на прегледи поврзани со коронавирусот значително е намален. – рече д-р Балевски.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вкупно се аплицирани 384.466 дози вакцини, а ревакцинирани се 139.053 граѓани. Со последните бројки 48 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина и 35 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Г.М.