Екипи на општинскиот инспекторат започнаа уривање на нелегално изграден објект кај третиот чинар, но по кусо време тие се повлекоа од терен.
Градоначалникот Петрески вели дека конкретно не знае за што се работи но тврди дека немало никакви ургенции до општината да се запре уривањето.
Тој додава дека иако туристичката сезона започна, општината нема да запре со уривањето на дивоградбите. Петрески објасни дека нема да се уриваат објекти во централното градско подрачје, но додаде дека тоа нема да важи за потпорни ѕидови, тераси или поткровја, кои како што рече ќе бидат уривани превентивно за да не се дозволи ескалација на дивоградбите.
Петрески на новинарите им тврдеше дека ред ќе биде воспоставен и во поставувањето на урбаната опрема од страна на угостителските објекти. Тој вели дека локалната самоуправа не толерирала никого во тој поглед и дека без оглед за кого се работи секој што не поднел барање или не ги подмирил обврските за поставување урбана опрема ќе биде санкциониран.
Г. Момироски