Еден ден порано, на Референдумот гласаат болните и изнемоштени лица.

Како што информираат од Општинската изборна комисија, во Охрид се евидентирани 27 болни и изнемоштени лица, кои правото на глас согласно законот, ќе го искористат денеска.

Покрај болните и изнемоштените, денеска гласаат и затворениците, како и македонската дијаспора.

OhridNews