Во последните 24 часа направени се 2564 тестирања, а регистрирани се 946 нови случаи на Ковид-19, од кои 31 во Охрид, каде денеска има 60 оздравени пациенти.

И натаму висок е бројот на починати лица во земјата. Според  денешната статистика на Министерството за здравство, битката со Ковид 19 изминатото деноноќие ја загубиле 33 лица. Најмладиот е 43-годишен пациент од Прилеп.

Во Струга денеска се регистрирани 24 нови случаи на коронавирус и 15 оздравени.

Вкупната бројка на ковид во Охрид  од почетокот на епидемијата изнесува 1669, а во моментов активни се 575 случаи. Во Струга до сега евидентирани се 1507 случаи, а активни се 445.

OhridNews