На Конференцијата ќе се расправа за пристапот на НАТО и ЕУ кон прашањето за полова еднаквост, искуствата од учеството на жените во меѓународните операции, како и искуствата од работата и застапеноста на жените во униформа во АРМ и МВР.
Се очекува Конференцијата да придонесе кон поттикнувањето на поголема застапеност на жените во делот на одбраната и безбедноста, овозможување на еднакви можности за развој на професионална кариера во униформа, како и нивната рамноправност во институциите на одбраната и безбедноста. Инаку, застапеноста на жените во АРМ се движи во рамките на Европскиот просек, а благодарение на се поголемиот интерес за војничката професија има тенденција на пораст.