Наградата за првиот словенечки добитник на „Златниот венец на СВП“ е признание и за севкупното учество на современата словенечка поезија од самиот почеток на Струшкиот поетски фестивал и потврда за нејзиното живо присуство, не само во регионот, туку и пошироко, истакна македонскиот поет Богомил Ѓузел во беседата посветена за годинешниот лауреат на „Златниот венец на поезијата“ на Струшките вечери на поезијата, словенечкиот поет Томаж Шаламун.
На свеченоста што се одржа во катедралната црква Света Софија во Охрид, Ѓузел со пиетет говореше за врвните поетски достигнувања на Шаламун, кој како што истакна е еден од ретките европски поети кој силно се почитува и во современата американска поезија. Ѓузел потсети и на силата на песните на Шаламун, кои како што рече ги разнишаа неповратно сите идеолошки препреки во тогашна Југославија.
Лауреатот Шаламун пред присатните на свеченоста во Св. Софија одрецитира неколку негови одбрани песни.
Струшките вечери на поезијата завршуваат денеска со традиционалниот поетски митинг „Мостови“.
Центарот за хербализам, туризам и одржлив развој БИЛКИЛАЈФ, ги прогласи најдобрите три бизнис идеи на натпреварот за најдобри бизнис идеи за социјално претприемништво, во рамките на проектот „Едука...
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јануари 2025 година изнесува 49 870, од кои 368 % се домашни туристи, а 632 % се странски туристи Бројот на ноќевањата во ...
Вкупно 11 лица се приведени во вчерашната акција на МВР спроведена во координација со ОЈО за ГОКК Врз основа на обезбедени наредби од Основен кривичен суд извршени биле претреси на повеќе локации н...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.