Во период од 29 август до 4 септември Центарот за јавно здравје Охрид зел материјали за тестирање на присуство на Ковид-19 земени од вкупно 80 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа. Од тестираните во овој период лабораториски е дијагностицирано присуство на Ковид-19 кај вкупно 59 лица и тоа кај 21 лица од општина Охрид, кај 30 лица од општина Струга и кај 8 лица од општина Дебар.
Активни случаи во Охрид се 42, во Струга 59, а во Дебар 29. Во овој период оздравени се 19 лица од Охрид, 31 лица од Струга и 63 лица од Дебар. Починати се 3 лица и тоа 1 од општина Охрид, 1 од општина Струга и 1 лице од општина Дебар. – информира Центарот за јавно здравје Охрид.
Од почетокот на епидемијата до 4 септември лабораториски е дијагностицирано присуство на Ковид-19 кај вкупно 1114 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои кај 354 лица во општина Охрид и Дебрца, 587 лице во општина Струга и Вевчани и 260 лица во општина Дебар и Центар Жупа.
Оздравени пациенти од Охрид се 301, од Струга се 479, а од Дебар и Центар Жупа 219 пациенти. Во општина Охрид и Дебарца има 11 починати, во општина Струга 49, а во Дебар и Центар Жупа 12 лица.
Г.М.