Во последните 24 часа се направени 1507 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19 од кои 8 во Охрид, 11 во Струга. Во Скопје се регистрирани само 23 нови случаи, а во Штип кој е ново жариште има 10 случаи.

Починати се 6 лица, две пациентки од Скопје, пациент од Куманово, пациент од Гостивар, пациент од Тетово и пациент од Штип, информира Министерството за здравство.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 113 оздравени пациенти. Досега во земјата се направени вкупно 108384 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11289, бројката на оздравени пациенти е 7221, на починати е 511, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3557.

OhridNews