Во период од 08 до 14 август 2020 г. Центарот за јавно здравје Охрид зел брисеви за тестирање на присуство на COVID-19 од вкупно 240 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа. Од тестираните лица во овој период лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 59 лица и тоа кај 15 лица во општина Охрид, кај 31 лице во општина Струга и кај 13 лица во општина Дебар.

Активни случаи во Охрид се 78, во Струга 169, а во Дебар 65.  Во овој период оздравени се 18 лица од Охрид, 51 лица од Струга и 68 лица од Дебар, а починати се 1 лице од општина Охрид и 1 лице од општина Дебар.

Актуелна состојба со COVID 19 во регионот

Од почетокот на епидемијата до 14 август лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 1032 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои кај 305 лица во општина Охрид и Дебрца, 503 лице во општина Струга и Вевчани и 224 лица во општина Дебар и Центар Жупа. Оздравени пациенти од Охрид се 223, од Струга се 304, а од Дебар и Центар Жупа 150 пациенти
Во општина Охрид и Дебарца има 9 починати пациенти, во Струга се починати 44, а од Дебар и Центар Жупа се починати 7 лица, информира Центарот за јавно здравје Охрид.

OhridNews